in

СлаткоСлатко

ВАШАТА КОЖА ЌЕ БИДЕ МЕКА КАКО СВИЛА: Мора да го пробате овој домашен мелем за испукани потпетици!

Овој мелем е помоќен од кој било купен крем

Петите, особено во зима, пукаат, а причината е студот и слабата циркулација. Други причини за груба и рапава кожа се несоодветната нега, лошата исхрана и носењето непријатни чевли.

Овој домашен „мелем“ кој е направен од само 2 состојки може да ви помогне да го решите овој проблем. Потребно ви е 1 лажица вазелин и неколку капки сок од лимон.

Измешајте ги овие две состојки и мелемот е подготвен. Пред да нанесете мелем на петиците, прво натопете ги во топла вода за да ја омекнете кожата.

Сокот од лимон ја дезинфицира кожата и делува како антиоксиданс, а вазелинот ја хидрира кожата, па затоа е добитна комбинација во борбата против испукани потпетици.

Друг начин да ги опоравите потпетиците е да ставите половина лимон директно на петицата. Ставете чорапи и држете ги околу 30 минути. По половина час нанесете малку вазелин или кокосово масло.

Ако го изведувате овој „третман“ неколку пати неделно, ќе забележите неверојатни резултати.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote