in

Египет би можел да побара компензација од една милијарда долари за блокадата на Суецкиот канал!

Египет може да побара компензација од една милијарда долари за блокадата на Суецкиот канал кога џиновски брод се заглави во него и го прекина сообраќајот.

Според Блумберг, таа бројка е само груба проценка на загубите направени како резултат на даноците за транзит, оштетувањето на водниот пат за време на заглавување и ослободување на бродот, како и трошоците за ангажирана опрема и персонал, изјави извршниот директор на каналот Суец, Осама Раби до локалната телевизија Сада Елбалад.

Тој не прецизираше кога раководството на каналот ќе бара компензација.

Нашата земја има право на тоа. Државата треба да го добие она на што и одговара – рече Раби, додавајќи дека инцидентот го нарушил угледот на Египет.

Товарниот брод беше ослободен по неколкудневни напори за повторно воспоставување сообраќај со таа „жица“ на светската економија, а вчера последниот брод што чекаше поради блокадата помина низ каналот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote