in

Експертски совет: Еве како правилно и темелно да се исчисти машината за миење садови – сè друго не е во ред!

Верувале или не, вашата машина за миење садови не се чисти сама по себе, а нечистотијата се таложи во нea.

Звучи неправедно, затоа што садовите што ги вадите од машината се беспрекорно чисти, а таа повторно не е. Како една од најчесто користените апарати во вашата кујна, вашата машина за миење садови веројатно е подготвена за темелно чистење подолго време, особено ако претходно не сте го правеле тоа. Кога ја чистете куќата, можеби никогаш не ви паднала на памет, затоа што можеби, како и повеќето луѓе, сте водени од слоганот – чисти садови, чиста машина. Сепак, за жал, реалноста е дека ако не ја исчистите, вашите садови не добиваат соодветно ниво на чистота. Но, совеста не треба да ве гризе, бидејќи лесно можете да ја исчистите машината за миење садови во неколку едноставни чекори.

Проверете го филтерот во машината за миење садови

Првото нешто што треба да започнете – тоа е филтерот во вашата машина за миење садови. Повеќето современи машини имаат филтри кои лесно се вадат и се мијат под млаз вода. Тие акумулираат наслаги на храна и маснотии, поради што е потребно редовно и темелно да се чистат. Ако садовите не изгледаат доволно чисти кога ќе ги извадите од машината, тоа значи дека филтерот е валкан.

Користете таблети за чистење на машината за садови

Постојат специјално дизајнирани таблети и средства за чистење на машината за садови. Овие таблети се вметнуваат во одделот каде што редовно ги ставате таблетите за миење садови во машината, но тие треба да се користат кога машината е празна. Исто така, кога ги користите, треба да го започнете најтоплиот циклус на перење со кој располагате. Еднаш во три месеци, доволно е да користите една таква таблета.

Користете Сода бикрабона за отстранување непријатни мириси

Ако непријатни мириси почнат да се шират низ просторијата кога ќе ја отворите машината за миење садови, време е да му пристапите од аголот – стари занаети. Користете сода бикарбона за да ги отстраните сите непријатни мириси. Дното на машината треба да се испраши со сода и да се остави преку ноќ, со подотворена вратата. Наутро само уклучете програма за брзо плакнење.

Оцет за дополнителен сјај и чистота

Откако ќе ја исчистите вашата машина од непријатни мириси со помош на сода, користете оцет за да ги отстраните сите потенцијални траги од таблетите за миење садови. Една чаша оцет ќе биде доволна за вашата машина да блесне одвнатре.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote