in

Ел Салвадор ќе „копа“ Биткоини користејќи ги своите вулкани!

Претседателот на Ел Салвадор ги откри најновите планови на државата, откако го легализира Биткоинот.

Во соопштението кое го издаде минатата недела, претседателот Најиб Букеле преку социјалната мрежа Твитер изјави дека државата планира да генерира геотермална енергија преку нејзините вулкани и таа енергија ќе биде наменета да „копа“ криптовалути.

Планот на државата е да се искористи екстремната топлина на вулканите со што ќе се генерира големо количество на енергија. Оваа енергија е 100% чиста со 0 штетни емисии, тврди претседателот на државата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote