Популарниот милијардер и извршен директор на Тесла, Илон Маск тврди дека се тестирал позитивен и негативен на КОВИД-19 во еден ост ден, тврдејќи дека нешто чудно се случува. Постирајќи на социјалните мрежи, основачот на SpaceX напиша: „Се тестирав за КОВИД-19 4 пати во еден ден. 2 теста беа негативни, 2 позитивни. Ист тест, иста опрема, иста медицинска сестра.“
Тој изјави дека имал симптоми исти на обична настинка. Маск беше скептик на пандемијата уште од самиот почеток, во еден момент дури и објави без никаков доказ дека пандемијата во САД е преценета. Тој дури и се противеше на мерките кој ги донесе владата и одби да ја затвори својата огромна фабрика на Тесла во Калифорнија.
Коментари
Loading…