Извршниот директор на Tesla и SpaceX, Elon Musk стана најбогатиот човек во светот, надминувајќи го шефот на Amazon, Jeff Bezos.
Поради зголемувањето на акциите на Tesla, Musk го надмина богатството на Bezos за околу 1,5 милијарди долари, со што стана најбогатата личност на светот. Се наведува дека Musk има богатство над 185 милијарди долари.
Според вестите во Ројтерс, зголемувањето на акциите на Тесла му помогнало на Elon Musk (49) да го надмине Bezos, кој е најбогатата личност на светот од 2017 година и има богатство од 184 милијарди долари.
Според списокот на Форбс, Musk го надмина Bezos со разлика од 7,8 милијарди долари, а не 1,5 милијарди долари.
Коментари
Loading…