in

Илон Маск даде изјава после титулата – најбогат човек на светот!

Елон Маск стана најбогатиот човек на светот, а богатството му надмина 185 милијарди долари, објави Би-Би-Си.

Челникот на Тесла и СпејсИкс го зазеде првото место на листата, откако скокнаа акциите на Тесла.

Досега првото место му припаѓаше на основачот на Амазон Џеф Безос, кој го држеше од 2017 година.

Вредноста на компанијата на Маск за електрични автомобили Тесла порасна годинава и во средата првпат достигна пазарна вредност од 700 милијарди долари.

Тоа компанијата ја направи повредна од Тојота, Волксваген, Хјундаи, ГМ и Форд заедно.

На веста дека станал најбогат човек на светот Маск на Твитер напиша кратко: „Чудно чувство“.

Во еден претходен твит рече: „Отприлика половина од моите пари се наменети за решавање на проблемите на Земјата, а половина за подигнување на самоодржлив град на Марс, за да се обезбеди продолжување на животот во случај Земјата да ја погоди метеор како во времето на диносаурусите или ако избие трета светска војна па самите себе се уништиме“.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote