Да се биде најбогат човек на светот е тешко достигнување, но конкуренцијата за тоа е многу голема. Илон Маск сега е на чекор поблиску да стане најбогат човек во светот откако го помина Марк Зукерберг и стана трет најбогат. Маск имаше успешна година, од праќањето на астронаути во свелената преку SpaceX до енормно зголемување на вредноста на компанијата Тесла.

По искачувањето на Маск на третата позиција, пред него сега останаа само Бил Гејтс и Џеф Безос, но разликата во богатствата засега е голема. Со зголемувањето на вредноста на Тесла, Маск доби дополнителни 7 милијарди долари и сега тој вреди 110 милијарди. Позади него е Зукерберг со 104 милијарди, а пред него Гејтс со 129 и Безос со 184 милијарди долари.
Коментари
Loading…