in , ,

Што?Што?

Дали емотивната болка „е навистина љубов“ или е заблуда

Поминаа 20 години од првата проекција на познатиот филм „Love Actually“. Актерката Ема Томпсон во специјална емисија на Еј-Би-Си, по повод годишнината, изјави дека е убедена дека човечкото срце не е добро, како тоа срце што е скршено десетина пати. „Има нешто во лузната на вашето срце што го прави посилно“, рече актерката.

Дали емоционалната болка, всушност, е љубов или е заблуда, стара колку и денешниот популарен филм, беше една од темите.

„Повеќето луѓе кои имаат или ќе доживеат ваква душевна болка, нема да сакаат повторно да ја доживеат“, вели психотерапевтката Невена Чаловска Херцог.

 

Таа објасни дека луѓето, соочени со губење на скапоцената емотивна врска, поминуваат низ различни фази на тагување по неа, но тоа не значи дека тоа е љубов.

„Скршената љубовна врска е искуство од кое луѓето треба да излезат позрели и од кое можат да видат колку придонеле за компликација или прекин на таа врска, а исто така да видат, подобро да разберат некои од нивните лоши модели на однесување и, во таа смисла, прекинувањето на љубовната врска може да помогне да се позиционираат луѓето на почувствителен и внимателен начин во следната љубовна врска“, рече психотерапевтот.

Таа појасни дека партнерските односи, во возрасен период од животот, се најважниот дел од идентитетот на една личност и затоа се стремиме да ги зачуваме.

„Емоционалната приврзаност им е важна на луѓето исто како и храната и водата. Кога нема такво нешто, животот е во ризик. И токму поради тоа што е скапоцено, понекогаш и малите проблеми изгледаат огромни и несовладливи“, рече Чаловска Херцог.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote