in

ПРЕМИЕРЛИГАШ ТРГНУВА ПО НАШИОТ ЕНИС БАРДИ!

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, е новогодишна желба на премиерлигашот Њукасл и тоа на менаџерот Стив Брус, кој сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок со играч за врска кој делува помеѓу двата шеснаесетника.

Една од причините за заинтересираноста е и прецизниот шут од далечина на Македонецот, пред сѐ од слободните удари, нешто што им недостасува во моментов на црно-белите.

Според информациите од Англија, Њукасл ќе се обиде да го добие Барди како позајмен играч до крајот на сезоната, со задолжително откупување на неговиот договор по крајот на првенството. Македонецот на пазарот вреди 20 милиони фунти, а шпанскиот клуб се наоѓа во финансиска криза, поради што ќе мора да продава дел од фудбалерите, а што, пак е шанса за нашиот интернационалец да ја промени средината.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote