in

Од ИНТЕР потврдија: Ериксен е на продажба!

Кристијан Ериксен вчера не беше во составот на Интер за гостувањето кај Верона во рамки на Серија А. Данецот беше ослободен од обврските порано од предвиденото за да може да замине во својата татковина за божиќните празници. 

Директорот на „нераѕурите“ Бепе Марота официјално потврди дека Ериксен е ставен на трансфер-листата. 

„Дали Ериксен е на пазарот? Ќе речам да. Не се работи за некаква казна, туку фудбалерот едноставно не се вклопи во тимот. Затоа мислам дека е правилно да му дадеме шанса да пронајде повеќе простор во друг клуб“, изјави Марота.

Ериксен дојде во Интер минатиот јануари откако италијанскиот клуб му плати обештетување на Тотнем од 16,9 милиони фунти. Интересно е тоа што „нераѕурите“ можеа да го добијат Данецот бесплатно ако почекаа до јуни, бидејќи неговиот договор истекуваше изминатото лето.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote