in ,

Што?Што?

Ериксен заигра фудбал по осум месеци

Данскиот фудбалер Kристијан Ериксен му се врати на фудбалот и одигра еден час за новиот клуб Брентфорд на пријателски натпревар зад затворени врати.

Плејмејкерот го имаше првиот меч по осум месеци, по страотниот момент на Европското првенство (ЕП) на кое тој колабира на терен поради срцев удар. Не се знаеше дали Ериксен повторно ќе игра фудбал, но еве го, пак се активира на Островот.

Брентфорд одигра пријателски натпревар со Саутенд Јунајтед и победи со 3-2, а Ериксен асистираше и го имаше најубавиот роденденски подарок, со оглед на тоа што денес полни 30 години.

Последен клуб на Ериксен пред Брентфорд беше италијански Интер со кого договорот беше раскинат поради вградениот дефибрилатор поради кој не можеше да продолжи во калчото.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote