in

Официјална потврда: Ериксен страдаше од срцев удар!

Кристијан Ериксен доживеал срцев удар во моментот кога падна за време на натпреварот против Финска во Еуро 2020.

Оваа вест ја потврди данскиот тимски доктор. Истотака стигна и официјална потврда дека Ериксен е во стабилна состојба и се наоѓа во болница во Данска. Натпреварот беше прекинат неколку минути пред полувремето и веднаш му се укажа помош на Данецот.

„Тој беше во кома. Му го масиравме срцето бидејќи доживеа срцев удар. Многу брзо го вративме во живот, тоа е позитивна работа бидејќи спречивме поголема штета“ изјави докторот на Данска.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote