in

Нуно Еспирито Санто фаворит за менаџерската позиција во Тотенхем!

Поранешниот менаџер на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто е фаворитот за стане новиот менаџер на Тотенхем.

По отпуштањето на Жозе Мурињо, уште на 19 април оваа година, Тотенхем имаше потешкотии за пронаоѓањето на неговиот наследник на клупата. Договорите со поранешниот менаџер на Рома, Пауло Фонеска пропаднаа, а Џенаро Гатузо не беше добар кандидат.

Нуно беше поврзуван со менаџерските позиции на Евертон и Кристал Палас. Португалецот, 47, ги напушти Вулвс во мај откако помина 4 години во клубот. Сега тој е на метата на Тотенхем и според шпекулациите набрзо ќе стане манеџер на клубот од Лондон.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote