Овој трик ги воодушеви љубителите на авокадото ширум светот!
Авокадото е одличен извор на здрави масти, и може да се користи во многу вкусни рецепти.
Но, штом ќе го пресечете, ќе почне да оксидира и да ја менува бојата од убава, светло зелена, во кафеава, што навистина не изгледа привлечно.
Дури и додека подготвувате оброк, готвачите советуваат да посипете авокадо со сок од лимон. И ова е нов трик за чување авокадо ако ви треба само малку, односно нема да го користите целото овошје.
Исечете го горниот дел од авокадото, и излупете го малку. Потоа извадете колку што ви треба со лажица, внимавајте да не ја прободете кората, што сепак го штити плодот. Потоа вратете ја кората на место и чувајте ја во фрижидер.
„Трик“ е да се однесувате кон авокадото како, да речеме, полнети тиквички, да извадите само месо колку што ви треба со лажица, но да го оставите каменот внатре и да го извадите месото околу него. Овој трик за чување авокадо е прегледан на ТикТок повеќе од 200.000 пати!
Коментари
Loading…