in

ЕВЕ КОЛКУ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ЈА ЧИНИ БРЕГЗИТ!

Британското Министерство за финансии објави дека вкупните трошоци за Брегзит ќе изнесуваат 37,3 милијарди фунти или 43,8 милијарди евра, што е за 3,7 милијарди евра помалку отколку што пресмета Европската комисија.

Иако официјално ја напушти Европската унија во јануари годинава, Велика Британија ќе ги почитува претходно преземените повеќегодишни обврски за плаќање кон буџетот на ЕУ, меѓу другото и за придонесите за пензиите на претставниците на Унијата и европратениците.

„Нашата проценка е дека во овој момент, вредноста на финансиските порамнувања со Европската унија е 37,3 милијарди фунти, што е во рамките на нашите претходни проценки“, рече министерот за финансии, Стив Баркли.

Министерството за финансии претходно процени дека вкупните трошоци за решавање со Европската унија ќе бидат во опсег од 35 до 39 милијарди евра.

Владата верува дека нема да има дискусија со Брисел за конечната бројка, бидејќи двете страни во моментот имаат различни технички пристапи при нејзиното пресметување.

„Ние продолжуваме да работиме конструктивно со Европската унија за да осигуриме дека Велика Британија ќе ја плати вистинската сума, во согласност со Договорот за излез од ЕУ“, рече Министерството за финансии.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote