in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

ЕВЕ ЈА ТЕМПЕРАТУРАТА НА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ПЕЧЕ МЕСОТО ЗА ДА БИДЕ СОВРШЕНО! Едноставен рецепт за оброк од соништата

Месото печено на 180 степени ќе ја задржи својата сочност, додека однадвор ќе има златна печена кора. На оваа температура се пече и зеленчукот за да добие крцкавост, но и повеќето колачи.

 

Месо кое однадвор е златно жолто и крцкаво, а внатре сочно печено, е желба на речиси секоја домаќинка. Меѓутоа, често се случува рецептот според кој навистина сте имале намера да подготвите јадење со месо од рерна да не ја специфицира температурата на која треба да се пече. И што сега?

Среќна република ви ја решава оваа дилема. Еве неколку совети за температурите на кои треба да печете одредени видови храна за вашиот оброк од соништата.

Месо и зеленчук

Месото и зеленчукот се идеална комбинација. Ако ги испечете заедно, внимавајте зеленчукот да не е преварен, бидејќи на месото му треба повеќе време за да биде подготвено за јадење.

Започнете со печење на температура помеѓу 200 и 230 степени, а потоа намалете на 180. Така месото ќе ја задржи сочноста, а однадвор ќе има златна ‘рскавица. Доколку печете поголемо парче месо, задолжително пресечете го на неколку места за да биде подобро и порамномерно печено внатре.

Сецканиот зеленчук убаво исушете го или оставете го половина час на хартиена крпа која ќе го впие вишокот вода. Така зеленчукот ќе ви биде крцкав однадвор, а одвнатре убаво печен, а не преварен.

Пред печењето, чувајте го месото на собна температура еден час и ставете го да се пече без претходно да се загрее рерната. Ако го ставите месото од фрижидер директно на скара, нема да се испече рамномерно бидејќи топлината нема да може да стигне до средината, додека краевите ќе се преварат.

Сад за печење

Кога подготвувате оброци од рерната, важно е и да го изберете приборот што го користите за печење. Доколку печете тестенини со разни сосови или сирење, истурете ги во огноотпорен сад. На тој начин ќе ја задржи сочноста, а на површината ќе добие крцкава кора.

И еден испробан трик на домаќинките кога станува збор за печење тестенини или лазањи – никогаш не додавајте рендано сирење или некое друго сирење на почетокот на печењето бидејќи брзо ќе изгори. Оставете го за крај кога садот е веќе готов. Извадете го од рерна, посипете го со сирење и вратете го колку да се растопи.

Месото и зеленчукот најдобро е да се печат во обично тавче, бидејќи така ќе бидат рамномерно испечени. Погрижете се плехот да биде доволно голем за да не ви се преполни зеленчукот бидејќи нема да се испече рамномерно.

Внимание со колачи

Доколку точната температура не е наведена во рецептот, колачите обично се печат на температура помеѓу 160 и 180 степени, а должината на печењето зависи од видот на колачот.

Ова е идеална температура бидејќи комбинира протеини и шеќер, што на вашето јадење му дава посебна арома, вкус и текстура.

Колачите со повеќе шеќер полесно ќе согорат, па затоа внимавајте на тоа. Чувајте ја храната од која ја подготвувате тортата, вклучувајќи ги и јајцата, надвор од фрижидер еден час пред подготовката. Со користење на ладни состојки, колачот нема да се испече рамномерно.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote