in

Што?Што? WTFWTF

Експерт за Feng shui откри зошто не треба да имате огледало во спалната соба

АКО веќе некое време ви недостасува квалитетен сон, можеби е време да размислите да ги отстраните сите огледала од вашата спална соба.

Експертот за Feng shui, Priya Sher откри дека рефлексивната природа на огледалата може да биде она што ве спречува да заспиете. Покрај тоа, според нејзиното мислење, треба сериозно да размислите за изгледот во просторот.

Како што објасни таа, огледалата рефлектираат енергија и светлина низ собата, и ако ги држите спроти прозорецот, ќе ви биде уште потешко да заспиете.

Но, проблемот не е само во огледалата. Различна електроника има и рефлектирачки површини, особено телевизори кои многумина сакаат да ги гледаат пред спиење.

Што се однесува до вашиот кревет, Priya рече: “Креветот идеално треба да биде поставен во дијагонален агол до вратата на спалната соба. Ако просторијата е голема, може да се постави поцентрално, но секогаш до цврст ѕид што дава поддршка”.

Креветот исто така треба да има простор за пристап од двете страни, дури и ако во него спие само една личност, пренесува The Sun.

„Поставете ноќни наткасни од двете страни на креветот за да обезбедите рамнотежа“, објасни Priya.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote