in ,

Еве зошто треба да се јадат костени?

Ништо не е поубаво во есен од мирисот на врели печени костени. Тие ѝ припаѓаат на групата јаткасти плодови, но од своите роднини (ореви, бадеми и лешници) се разликуваат по нискиот процент на масти и високиот процент на скроб и единствени содржат витамин Ц.

Познати се стотици различни видови на костени, но енерално се делат на питоми и диви. Питомите се јадат, а дивите кои за жал не се за јадење, поседуваат лековити својства. Најчесто се споменуваат како помош кај проширени вени и оштетување на капиларите.

Богати се со скроб, па од нив може да се направи и брашно. Костемите се единствени јаткасти плодови кои содржат витамин Ц, а претставуваат извонреден извор на витамин Б6. Исто така, костените се и добар извор на калиум и фолна киселина и на прехранбени влакна неопходни за правилно функционирање на системот за варење.

Смирува

Костенот е богат со минерали, витамини Б-комплекс, како и витамините А и Ц. Тие се сочувани за време на готвењето бидејќи дебелата кора ги заштитува. Костенот содрши и калиум, фосфор, магнезиум, сулфур, хлор, бакар, железо и манган.

Полни со витамин Ц

Во споредба со другите јаткасти плодови, костенот се разликува по тоа што има понизок процент на масти, а поголем процент на скроб, дури двојно повеќе од компирот. Исто така, костенот е единствениот јаткаст плод кој содржи витамин Ц. Како оревите и бадемите, костенот на содржи глутен.

Совршен за бремените жени

Костенот е необично богат со фолна киселина, која обично се наоѓа во лиснатиот зелен зеленчук. Фолната киселина е неопходна за раст на клетките, синтеза на ДНК и нормалана работа на нервниот систем. Внесувањето на храна богата со фолна киселина помага при зачнувањето, а за време на бременоста овозможува правилен развој на фетусот.

Го чува срцето

Костенот е богат извор на мононезаситени масти, како олеинската и палмитинската киселина. Мононезаситените масти го штитат кардиоваскуларниот систем и помагаат при намалување на високиот холестерол.

Ја исфрла водата од организмот

Костенот помага при бубрежни и стомачни тегоби, а може да се користи и за исфрлување на вишокот вода од организмот. Покрај тоа, делува и противоспалително, па е идеална намирница за лицата кои страдаат од артритис и реума.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote