in

Евертон стигна до важна победа на гостувањето кај Вест Хем

Евертон стигна до важна победа на гостувањето кај „Чекичарите“ со што ги подобри шансите за играње во Европа следната сезона.

Најзасужен за победата на „Карамелите“ беше нивниот најдобар стрелец, Доминик Калверт-Луин. Евертон на крајот на годината се наоѓаше на четвртата позиција, но поради низата на лоши резултати, клубот на Карло Анчелоти се спушти во средината на табелата.

Одличната асистенција на Бен Годфри му го донесе 16. гол на Калверт Луин оваа сезона по што Евертон стигна до заслужените 3 бода со минимано водство. Со оваа победа Евертон се искачи на осмата позиција, но има и натпревар повеќе во однос со директните ривали со кој се бори за место во ЛЕ.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote