in

ДОГОВОРОТ Е ПОСТИГНАТ! ЕУ станува климатски неутрален континент до 2050 година!

Преговарачите меѓу Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за законот за клима, според кој Унијата ќе ја намали емисијата на штетни гасови за 55% во споредба со 1990 година до 2030 година.

„Воодушевена сум што постигнавме договор за овој клучен елемент на Европскиот зелен план. Нашата политичка определба да станеме прв климатски неутрален континент до 2050 година сега е исто така законска обврска“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Според постигнатиот договор, целта е да се намалат штетните емисии на гас за 55% до 2030 година, во споредба со сегашните 40%.

Договорот ја потврди позицијата на Европскиот совет, кој во декември минатата година го поддржа предлогот на Комисијата да се намали за 55%, додека првичната позиција на Европскиот парламент беше 60%.

“Денешниот договор исто така ја зајакнува нашата глобална позиција како лидер во справувањето со климатската криза. Кога светските лидери ќе се соберат на Денот на планетата Земја, ЕУ ќе излезе со оваа позитивна вест за која се надеваме дека ќе ги инспирираме нашите меѓународни партнери. Ова е добар ден за нашите луѓето и нашата планета “, рече извршниот потпретседател на Комисијата, Франс Тимерманс.

Нема напредок во преговорите меѓу претставниците на земјите-членки и Европскиот парламент во последните неколку месеци, сè до последниот состанок, кој започна вчера рано попладне и заврши утрово во пет часот.

Законот допрва треба да биде официјално одобрен од Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote