in

Што?Што?

ЕК предлага: Сите нови автомобили без штетни гасови од 2035 година!

Европската комисија предложи сите нови автомобили и комбиња да бидат ослободени од штетни гасови од 2035 година, а дотогаш треба да се укине продажбата на дизел или бензински возила.

Овој амбициозен план на ЕУ, објавен денес, има и клаузула според која напредокот треба да се анализира на секои две години.

Пред објавувањето на планот, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека производителите на автомобили треба да донесат одлука за промена на начинот на производство.

„Тие најдобро знаат како да развиваат нови возила или горива“, рече фон дер Лајен.

Неколку големи производители на автомобили, вклучително и Фолксваген и Волво, веќе сугерираат дека нивната цел е да престанат да произведуваат мотори со внатрешно согорување во Европа до 2035 година.

Целта на стопирање на производството на возила на фосилни горива до 2035 година е дел од планот на Европската комисија за намалување на издувните гасови за 55 проценти до 2030 година во споредба со 1990 година и дека до 2050 година нема да има повеќе штетни гасови.

Планот треба да биде одобрен од членките на ЕУ и Европскиот парламент.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote