Велика Британија, Германија, Шпанија и некои од државите во Европската Унија се спремни да го прифатат предлогот за 4 работни денови во неделата со цел да ги оживеат нивните економии кои беа погодени од кризата предизвикана од пандемијата. Неделата со 4 работни денови ќе помогне со економската криза, според политичрот John McDonnell. Тој им испрати предлог на Борис Џонсон, Ангела Меркел, Педро Санчез и останатите лидери.

„Низ историјата, пократки работни часови се користеле во време на криза и економска рецесија како начин да се распредели работата еднакво низ целата економија и да се намали невработеноста.“ напишаа лидерите. 4 дневната недела се повеќе и повеќе добива интерес од развиените држави и постојат компании кој веќе го применуваат овој систем.
Коментари
Loading…