in

Netflix планира неколку продолженија на Extraction!

Следејќи го успехот на нивниот филм Extraction, Chris Hemsworth изјави дека Netflix планира да направи уште неколку продолженија на филмот. Hemsworth ја објави оваа информација по освојувањето на наградата „акциона ѕвезда на годината“ која се доделуваше од E! People’s Choice Awards. Chris ја освои наградата и покрај конкуренцијата од Margot Robbie, Will Smith и Charlize Theron.

Во еден момент од годината, Extraction беше најголем хит на Netflix и беше стримуван од 90 милиони домќинства во првите 4 недели. Но сега тој беше престигнат од најновиот филм на Adam Sandler – Hubie Halloween, кој дебитираше минатиот месец. Меѓу другото Chris во неговиот говор рече: „Имав одлично искуство за време на снимањето на филмот. Ќе се обидеме да направиме неколку продолженија од него.“

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote