F2 и F3 нема повеќе да имаат трки за време на истиот викенд, туку ќе има одредени промени во првенствата. Идеата е и двете натпреварувања да имаат по 3 трки на еден викенд и сите ќе бидат помошни серии за F1. Но беше невозможно да се направат по 6 трки за еден Гран При викенд, па се одлучија и двете шампионати да имаат по 3 трки во 2 различни викенда.
Со носењето на повеќе трки во календарот на F2 и F3, им се олеснува на возачите, односно нема да има потреба да патуваат како што тоа беше случај во минатото. Со тоа ќе се намалат и трошоците на тимовите и ќе се привлечат повеќе фанови на спортот. Следната сезона ќе гледаме 24 трки во Формула 2, кој ќе бидат одржани во 8 Гран При викенди.
Коментари
Loading…