in ,

Што?Што?

Фабриката за играчки направи мече посветено на Меркел: Ја има истата фризура и познат гест на раката (ФОТО)

Германска фабрика за играчки направи мече во чест на Ангела Меркел, додека канцеларката се подготвува политички да се пензионира по 16 години на чело на владата.

Херман-Шпилверен, со седиште во баварскиот град Кобург, претстави играчка висока 40 сантиметри, која има одредена сличност со канцеларката.

Плишаното мече има фризура слична на г -ѓа Меркел, додека шепите се поставени на таков начин што го имитираат легендарниот гест на раката познат како „ромбот на Меркел“, пренесува РТ.

– Се обидуваме да изразиме моменти од модерната историја во мечки како уметничка форма – рече Мартин Херман, генерален менаџер на една од најстарите се уште постоечки фабрики за мечиња во светот, пренесува германски Билд.

 

Исто така, им беше дадена можност и на други познати личности да се запознаат со мечките, а меѓу нив се поранешниот американски претседател Барак Обама, поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и британската кралица Елизабета Втора.

 

101-годишниот семеен бизнис ќе направи ограничена серија од 500 мечиња со ликот на Ангела Меркел, чија цена е 189 евра.

16 -то мече по ред ќе биде испратено до Ангела Меркел, што претставува бројот на години поминати како канцелар.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote