Фејсбук ќе започне да забранува реклами што ги обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат, соопшти социјалната мрежа и исто така најави нова информативна кампања за вакцината против грип.
Компанијата, сепак, појасни дека рекламите за законот или против владините политики за вакцинирање, вклучително и вакцината „ковид-19“, сепак ќе бидат дозволени.
Според правилата на компанијата, беа забранети реклами со неточни информации за вакцината, но дозволени се реклами кои изразуваат спротивставување на вакцините, освен ако не содржат лажни тврдења.
Ова лето, службеникот за јавна политика на Фејсбук Jејсон Хирш изјави дека компанијата верува дека на корисниците им е дозволено да го изразат своето лично мислење и дека поагресивната цензура на крајот може да ги турка луѓето кои се „сомнителни“ за вакцината во логорот на оние кои силно се спротивставуваат на вакцинацијата.
“Ако некој тврди во својата објава дека вакцината е штетна и дека е загрижен за тоа, од моја перспектива е многу тешко да се каже дека не смее да се изрази. Нашите системи не работат на тој начин”, кажа Цукерберг.
Коментари
Loading…