in

FACEBOOK ЈА УКИНУВА ОПЦИЈАТА LIKE? Повеќе нема да можете да означувате дека ви се допаѓаат страниците!

Оваа промена се однесува само за страниците на Фејсбук!

Социјалната мрежа Фејсбук денес и се обрати на јавноста со навистина изненадувачки вести.

Имено, оваа компанија планира да ја елиминира можноста да им се допаднат редизајнираните јавни страници кои се во сопственост на уметници, јавни личности и други брендови.

Отсега натаму, страниците на Фејсбук ќе покажуваат само следбеници, а ќе има и посебен дел со новости каде што корисниците можат да се приклучуваат на разговори, како и да комуницираат со истомисленици, но и да стапат во контакт со обожавателите. „Отстрануваме лајкови и се фокусираме на следбеници за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, соопшти Фејсбук за редизајнот.

Овој принцип го користи и социјалната мрежа Инстаграм, која е само една од низата апликации во сопственост на Фејсбук. Наместо бројот на лајкови, сега „мерката за успех“ на страница на социјалната мрежа Фејсбук ќе се изрази со бројот на следбеници! Фејсбук имплементираше и нови опции за сопствениците на овие страници, кои им овозможуваат да стапат во контакт со своите следбеници и да разменуваат мислења.

Ваквата опција на социјалната мрежа Фејсбук е создадена во 2009 година, а за опцијата „не ми се допаѓа“ се размислуваше долги години, но таа идеја никогаш не оживеа. Пред три години беа воведени опциите Love (љубов), Haha (смеа), Wow (зачуденост), Sad (тага) и Angry (лут), но тие можат да се користат во коментари, објави или пораки.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote