in

Фејсбук му забрани на Трамп да ја користи нивната социјална мрежа!

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, нема да може да ја користи социјалната мрежа Фејсбук 2 години.

Веста беше објавена од компанијата и дополнија дека нема повеќе да толерираат кршење на нивните протоколи. „Доколку ги земеме во предвид околностите кои доведоа до суспензијата на господинот Трамп, можеме да забележиме дека неговото однесување доведе до кршење на нашите нови протоколи“ изјавија од компанијата.

Неговиот профил на социјалната платформа ќе биде суспендиран 2 години, односно до 7 јануари 2023. Фејсбук одлучи да го блокира профилот на Трамп на 6 јануари оваа година откако негови подржувачи упаднаа во просториите на државата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote