in

Facebook конечно го осуди Трамп: суспензија на две години, потоа евалуација!

Facebook донесе одлука за забрана за пристап на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на своите социјални мрежи на две години, почнувајќи од денот на првичната забрана, што значи дека Трамп може да се врати на Facebook и Instagram во јануари 2023 година.

Сепак, враќањето на Трамп не е познато, бидејќи по истекот на тој период, Facebook ќе процени дали повторното активирање на неговите сметки може да претставува ризик за јавната безбедност, пренесува американската телевизија CNBC.

„Ќе ги земеме предвид надворешните фактори, вклучително и случаи на насилство, ограничувања на мирно собирање и други знаци на граѓански немири“, се вели во блогот на компанијата.

Се додава дека тие ќе ја продолжат забраната за одреден период ако проценат дека сè уште постои ризик за јавната безбедност и продолжат да вршат проценки сè додека ризикот не се намали.

Доколку на Трамп повторно му биде дозволено да ги користи мрежите, ќе има претходно подготвен пакет санкции што ќе стапат на сила доколку поранешниот претседател некогаш повторно ги прекрши правилата за уредување на содржината, велат од Facebook.

Двегодишната суспензија ќе го спречи Трамп да ги користи Facebook и Instagram за време на изборите за американскиот Претставнички дом и третина од местата во Сенатот, што ќе се одржат во 2022 година.

Facebook ги суспендираше сметките на Доналд Трамп по смртоносното насилство во Капитол на 6 јануари 2021 година. Трамп беше обвинет за поттикнување напад од страна на неговите приврзаници на денот на инаугурацијата на актуелниот претседател Џозеф Бајден, но тој беше ослободен од обвинението бидејќи во Сенатот немаше двотретинско мнозинство за осуда.

Во мај оваа година, Надзорниот одбор на Facebook утврди дека првичната суспензија на неопределено време е несоодветна и и наложи на компанијата да ја утврди и објасни пропорционалната казна.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote