1. Дубаи е еден од 7те Емирати што ја сочинуваат државата Соединети Арапски Емирати.
2. Арапскиот јазик е официјален јазик на Дубаи, но многу добро се зборува и англискиот.
3. 14 милиони туристи годишно го посетуваат Дубаи.
4. Половина од популацијата на Дубаи е помеѓу 25 и 34 години.
5. 76% од населението во Дубаи е муслиманско.
6. Во 1968 во Дубаи имало само 13 возила.
7. Највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа се наоѓа во овој град и е висока 830 метри.
8. Најголемиот трговски центар во светот исто така се наоѓа во Дубаи и има над 1200 продавници и над 120 пунктови за брза храна.
9. Населението во градот е сочинето од 3 пати повеќе мажи од жени.
10. Поевтино е да купите нафта во Дубаи отколку вода.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…