in

Фановите го изразуваат незадоволството! Не сакаат Amber Heard да глуми во вториот дел на Aquaman!

Љубителите на DC и на Aquaman бараат од студиото Amber Heard да биде отстранета од франшизата.

На социјалната мрежа Инстаграм, директорот на филмот, James Wan соопшти дека второто продолжение на Aquaman ќе го носи името Aquaman and the Lost Kingdom. Ова соопштение наиде на многу позитивни реакции, но можеа да се забележат коментари од љубители на франшизата кои бараат Amber Heard да биде отстранета.

Негативната реакција беше предизвикана поради судскиот спор со нејзиниот поранешен сопруг Johnny Depp. Amber тврди дека била жртва на семејно насилство, но многумина сметаат дека тоа е лажно обвиненије.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote