in ,

ФАНОВИТЕ ПОВТОРНО НЕЗАДОВОЛНИ: Петиција собра 300,000 гласови за враќањето на Johnny Depp во Pirates of the Caribbean!

Над 300,000 фанови потпишаа петиција во која бараат актерот Johnny Depp да биде повторно вратен во франшизата Pirates of the Caribbean. Во 2018 година, Disney соопшти дека планира да ја продолжи франшизата, а Johnny Depp веќе нема да биде во фокусот на филмовите. По случувањата на Depp со франшизата Fantastic Beasts, сега фановите изразија подршка и побараа актерот да се врати како капетанот Jack Sparrow.

Фановите тврдат дека франшизата ќе пропадне и нема никогаш да биде на истото ниво доколку Depp нема да ја игра иконската улога. Два филма на Пиратите на Карибите моментално се во обработка, едниот е продолжение на серијалот, а другиот потполно нова приказна во која ќе глуми Margot Robbie. Сеуште не се објавени датумите за премиера на филмовите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote