Откако администрацијата за храна и лекови даде зелено светло за употреба на вакцината на Пфајзер во петокот во САД, Др. Ентони Фаучи, најдобриот експерт за инфекции даде интересна изјава. Фаучи, заедно со најдобрите лекари на САД, работеа без одмор за време на врвот на пандемијата во Америка.

„Се надевам дека процесот на вакцинирање ќе помине без никакви проблеми. Мислам дека е ва почеток на крајот на короната, бидејќи сега ние го напаѓаме вирусот. Мојот најголем страв е дека голем број од луѓето ќе се двоумат дали да ја примат вакцината, бидејќи веруваат дека не е безбедна, но тоа не е случајот.“ изјави експертот за инфективни заболувања.
Коментари
Loading…