in ,

ТаженТажен

Федерер во солзи се пензионира, Мирка го смируваше

Еден од најголемие тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, синоќа му кажа збогум на професионалниот тенис откако на Купот Лејвер во Лондон го одигра последниот меч во кариерата. Во пензија замина човек со 1.252 победи од 1.527 меча, со 103 турнирски титули од кои 20 се гренслем-трофеи, дополнети со 28 мастерс-круни, 310 недели минати на врвот од АТП-листата и пет години во кои завршуваше како најдобар.

Федерер самиот изјави дека негов сон е да ја заврши кариерата играјќи заедно со Надал, што и му се оствари, во спектакуларен меч гледан низ целиот свет. На крајот речиси да немаше присутен во арената „О2“ во Лондон што не плачеше, а во солзи беа и најголемите ѕвезди на денешницата крај теренот.

 

 

Федерер се расплака како мало дете. Емоциите го скршија и едноставно не можеше да дојде до збор од што липаше на теренот во „О2“ арената. Надал, Ѓоковиќ и останатите тимски колеги од ипата на Европа се обидуваа на го смират, но не успеаја, па доле мораше да се симне неговата сопруга Мирка. Таа во еден момент почна да вика по организаторот да го сопре мачењето на големиот Роџер, по што го гушна и некако успеа да го намали напливот на емоции.

 

 

“Не сум тажен што заминувам во пензија. Резултатот не е важен, не можам да сум посреќен од ова што го чувствувам во моментов. Фактот што последниот меч го одиграв со Рафа многу ми значи, благодарност и до сите тениски легенди кои дојдоа денеска на овој голем ден за мене. Искрено посакував да се чувствувам вака кога ќе дојде крајот, да биде славје, а не тага, ви благодарам на сите што го овозможивте тоа. Никогаш не помилував дека може да биде ваква приказна, само сакав само да играм тенис со моите пријатели. Се што следеше беше фантастично и кога би можел да бирам, повторно би направил се исто. Би сакал да им се заблагодарам на фановите, на сите овде во салата, но и ширум светот за поддршката што секогаш ја добивав. Голема благодарност и до семејството, до родителите и до сопругата Мирка, која ми даваше поддршка да продолжам секогаш кога ќе помислев дека е време да престанам да играм” -, изјави Федерер со солзи во очите.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote