in

Фејсбук и Инстаграм го блокираа Трамп, најмалку до крајот на мандатот

Цукерберг смета дека е преголем ризик во овој момент да се остави Трамп да ги користи социјалните мрежи. Посочуваат дека тој вчера го искористил неговиот профил за да го одобри, а не да ги осуди влегувањето во Конгресот во Вашингтон.

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм ќе го блокираат американскиот претседател Доналд Трамп, барем до крајот на неговиот мандат кој истекува на 20 јануари, соопшти извршниот директор Марк Цукерберг.

Во објавата тој наведува дека настаните во последните 24 часа се шокантни и дека е јасно оти намерата на претседателот Трамп е да го искористи преостанатото време од неговиот мандат за да ја поткопа мирната и законска транзиција на власта, која треба да ја преземе победникот на изборите, Џо Бајден.

„Неговата одликата да го користи својот профил за да го одобрува наместо да го осуди дејствувањето на своите следбеници во Капитол со право ги вознемири луѓето во САД и пошироко во светот. Вчера ги отстранивме ваквите негови изјави бидејќи сметавме дека нивниот ефект и веројатно намерата беше да предизвикаат понатамошно насилство. По потврдата на изборните резултати од страна на Конгресот, приоритет на целата земја мора да биде да се обезбеди преостанатите 13 дена до инаугурацијата и деновите после тоа, да поминат мирно и склад со демократијата“,наведува Цукерберг.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote