in

Феникс Санс стигнаа до нивното прво полуфинале во последните 11 години

Екипата на Феникс Санс стигна до своето прво финале во Западната Конференција во последните 11 години со победата над Денвер Нагетс.

Крис Пол беше човекот со најмногу постигнати поени на натпреварот – 37, а веднаш зад него се најде неговиот соиграч Девин Букер со 34 поени и 11 скокови. Исклучен од игра беше овогодишниот МВП Никола Јокиќ во третата четвртина од натпреварот.

Јокиќ беше исклучен поради неспортски фаул над Камерон Пејн и мораше да ја заврши средбата порано со 22 поени и 11 скокови. Неговиот соиграч Вил Бартон додаде 25 поени, но сето тоа не беше доволно за победа на Нагетс.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote