in

Јајца Бенедикт: „Фенси“ појадок, лесен за подготовка, a и многу вкусен

Подгответе јајца на малку поинаков начин и уживајте во одличениот појадок!

Велат дека јајцата се најдобриот избор за здрав појадок, а еве како да се почастите себе си и семејството со „фенси“ појадок со јајца!

Состојки:

  • 115 грама путер
  • Лажица сос од песто
  • Четири жолчки
  • Две лажици вода
  • Лажица сок од лимон
  • Две лажици бел оцет
  • Четири јајца
  • Осум листови шунка
  • Четири лисја од босилек
  • Еден мал домат
  • Четири земички

Подготовка:

Прво подгответе го сосот. Се топи путерот во мала тава, а потоа се додава сосот од песто. Во посебен сад испарете ги изматените жолчки, вода и сок од лимон. Гответе, мешајќи постојано, додека текстурата не стане доволно густа за да ја покрие лажицата. Намалете го огнот, а потоа полека истурете во тавата со сос од песто, со непрекинато мешање. Одделете го сосот на страна.

Потоа истурете вода во подлабока тава, додадете оцет и оставете да зоврие, а потоа намалете ја топлината така што водата продолжува да врие. Скршете ги јајцата, едно по едно, во помал сад, држете го садот над шерпата со вода за кратко време, а потоа полека истурете ги јајцата во водата.

Гответе ги околу три до пет минути или додека жолчките не станат подебели, но не целосно тврди. Извадете ги јајцата од водата.

Исечете ги лепчињата на половина, загрејте ги, па врз нив ставете шунка, лист од босилек, парче домат и одозгора ставете јајце, а одозгора истурете малку подготвен сос.

На здравје и добар апетит!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote