Чарлс Леклерк се најде на врвот, а веднаш зад него неговиот тимски колега во втората тренинг сесија пред Големата Награда во Монако.
По една година пауза, иконската улична трка во Монте Карло повторно се враќа на календарот на Формула 1. Во втората тренинг сесија се случи нешто што не сме го виделе од сезоната 2019 во Ф1. Двете Ферариња се најдоа на самиот врв.
Чарсл Леклерк заврши како најбрз, а само 0.112 секунди поспор беше неговиот тимски колега Карлос Саинц. Многу тесно беше и помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен. Британецот беше само 0.007 секунди побрз од четвртопласираниот возач на Ред Бул.
Сето ова беше добра најава за трката на улиците во Монако, која треба да се одржи во недела.