in

Што?Што?

Одличниот Ферстапен го победи Хамилтон со Мерцедесово оружје!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на трката за Големата награда на Франција, седмата трка од годинашниот шампионат во Формула 1.

Младиот Холанѓанец ја забележа третата победа оваа сезона на патеката „Пол Ричард“, и 13. во својата кариера, со три секунди предност пред Луис Хамилтон во Мерцедес. Третото место го зазеде вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез, кој беше на шест секунди оддалеченост.

Од самиот почеток борбата за триумф на југот на Франција беше сведена на две имиња, и таа практично беше решена со одмазда за она што се случи пред неколку недели на Гран при на Шпанија. Ред Бул ја копираше стратегијата на Мерцедес, што му овозможи на Хамилтон да слави тогаш на „Каталонија“, исто како и на „Хунгароринг“ пред две години, па изненадувачки го покани Макс за уште една промена на гумата. Мерцедес, како и Ред Бул во тоа време, доцнеа со одговорот, а Ферстапен имаше 20 круга да го стигне седумкратниот светски шампион, што го стори во претпоследниот круг.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote