Филм за популарната игра за гејминг конзолите Ghost of Tsushima е во обработка, според најновите информации. Филмот ќе биде снимен од страна на студиото Sony Pictures во соработка со Sucker Punch Production. Chad Stahelski е назначен за режисер.
Компанијата која работеше на изработката на играта, Sucker Punch, соопшти: „Идеата да ја трансформираме нашата игра на филмското платно беше восхитувачка и нудеше различни можности за откривање на приказната.“ Играта беше продадена во 6.5 милиони копии од нејзиното излегување.
Коментари
Loading…