Во авионот на летот од Приштина кон Базел, во саботата попладне се случила тепачка меѓу патници.
Според медиумите, станува збор за крвава тепачка, која продолжила по слетувањето на аеродромот во Базел.
Имено, на сред аеродром патниците што се карале повторно се степале.
Аеродромската полиција ја потврди веста за тепачката за швајцарскиот дневен весник „Блик“, кој пишува за конфронтацијата на паркингот на аеродромот меѓу двете семејства.
Според дневникот, двајца мажи биле уапсени поради таа “борба”
Коментари
Loading…