in

Флојд Мејведер нуди огромна награда за информација околу грабежот во неговата куќа во Лас Вегас

Флојд Мејведер понуди награда во висина од 100 илјади долари за човекот којшто ќе му каже информација за грабежот кој се случил во неговата палата.

Легендарниот боксер преку објава на социјалната мрежа Инстаграм соопшти дека во една од неговите куќи се случила кражба, но не даде подетално објаснување околу времето на грабежот.

Крадецот украл многу вредни предмети и работи кои имаат сентиментална вредност за боксерот. За оној кој ќе му помогне на Мејведер да го пронајде сторителот на делото, ќе добие сума од 100 илјади долари, соопшти боксерот.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote