in

Младиот Фоден им донесе победа на Граѓаните!

Манчестер Сити забележа победа која им обезбеди напредок во нокаут фазата на Лигата на Шампионите по победата над Олимпијакос во Грција. На екипата на Пеп Гвардиола им беше потребен само 1 бод за да го обезбедат напредокот во следната фаза во ЛШ, но со победа тие се главни фаворити за завршување на врвот на групата Ц.

Сити доминираше цел натпревар во дуелот со Грчкиот шампион, но мечот заврши со само 1 постигнат погодок. Погодокот беше дело на 20-годишниот Фоден по одличната асистенција на капитенот Рахим Стерлинг. Олимпијакос не успеа да забележи ниту еден шут во рамките на противничкиот гол, а на спротивната страна Сити имаше дури 22 обиди.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote