in

Фонеска нов менаџер на Тотнем?!

Тотнем веќе подолг период е во потрага за тренерската позиција, а сега како главен кандидат се спомнува Пауло Фонеска.

Поранешниот тренер на Рома, Фонеска можно е да стане наследникот на Жозе Мурињо, кој доби отказ уште во април оваа година, на клупата на Тотнем. Клубот од Лондон е во напредни договори со Португалецот, според медиумите од Островот.

Фонеска имаше одлична сезона со Рома, но бидејќи заврши на седмата позиција доби отказ. Тој успеа да ја одведе Волчицата до полуфиналето на Лигата на Европа, но таму беа поразени од Манчестер Јунајтед.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote