in ,

Што?Што?

ФОРМИРАН НАЈГОЛЕМИОТ ТРГОВСКИ БЛОК ВО СВЕТОТ! Азиско-пацифичките земји формираа најголем трговски блок!

Петнаесет азиско-пацифички земји формираа, со поддршка на Кина, најголемиот трговски блок во светот, кој вклучува третина од светската популација, но и околу 30 проценти од светскиот бруто домашен производ.

Соединетите држави не се вклучени во договорот, ниту конкурентската азиско-пацифичка организација предводена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Договорот за сеопфатно регионално економско партнерство (РЦЕП) беше потпишан на маргините на онлајн самитот на АСЕАН на кој азиските лидери сакаат да ги намалат тензиите во Јужното кинеско море и да постават насоки за економско закрепнување во регионот по пандемијата на вирусот корона.

Меѓу потписниците има 10 членки на АСЕАН, како и Австралија, Кина, Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја, каде живеат 2,2 милијарди потрошувачи, според Би-Би-Си.

Потписниците изјавија дека вратите на блокот остануваат отворени за Индија, која минатата година се повлече од преговорите.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote