in

ФОРМУЛА 1: Сепак нема да гледаме трка во Турција!

FIA соопшти дека Големата Награда на Турција е откажана по само две недели откако се најде на календарот на Формула 1.

Трката во Турција требаше да се одржи на 13 јуни и ја замени Големата Награда на Канада, но сега е откажана. Велика Британија ја стави Турциа во таканаречената „црвена листа“ како високоризична држава за зараза со ковид. Тоа ги отежнува работите, бидејќи голем број од вработените во Ф1 тимовите се Британци.

Наместо трка во Турција ќе гледаме уште една трка во Австрија на 27 јуни. Двете трки во Австрија ќе се одржат во период од една недела. Поради оваа промена Големата Награда на Франција ќе ја гледаме една недела порано, односно на 20 јуни.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote