in

ФОРМУЛА 1: Трката во Австралија официјално откажана!

Трката во Австралија која претходно беше одлжена, сега официјално е откажана, соопштија властите на Австралија.

Причината за откажувањето на Големата Награда која традиционално се одржува на почетокот на сезоната е дека не може да се испочитуваат безбедносните протоколи кои се поврзани со Ковид-19 и државата сеуште ги практикува.

„Со жал објавуваме дека не можеме да ставиме во карантин над 1500 луѓе кои работат во Ф1 тимовите и поради тоа трката во Австралија нема да се одржи оваа година“ изјави министерот за спортот во Австралија, Мартин Пакула.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote