in

WTFWTF

ПРВА ФОТОГРАФИЈА НА НОВИОТ-МУТИРАН БРИТАНСКИ ВИРУС! [ФОТО]

Научниците од Роспотребнадзор, руската федерална агенција и надзорното тело во јавното здравство, тврдат дека тие први направиле микроскопска фотографија од британската варијанта на вирусот корона.

Државниот истражувачки центар „Вектор“ стана првиот во светот што успеа да го фотографира новиот вид на британски ковид-19, изолиран од пациент во декември 2020 година.

„Фотографијата на вирусот под микроскоп е создадена за време на тековните истражувања на новата варијанта на ковид-19, вклучувајќи структурни карактеристики и нивно изразување во клеточни култури и експериментални модели со употреба на лабораториски животни“, се вели во соопштението.

Руски научници исто така тврдат дека развиле тестови за PCR кои можат да ја детектираат новата варијанта.

„Мутациите што се карактеристични за британскиот вирус, не влијаат на ефикасноста на вакцината„ ЕпиВакКорона “, која содржи пептидни антигени кои спаѓаат во конзервативните делови на вирусниот протеин и не се засегнати од промените откриени во вирусот“, се додава во соопштението.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote