in ,

WTFWTF

НЕСОГЛАСИЦА! Москва пропиша дека шампањот е руски, а Французите веднаш ја прекинаа испораката!

Повеќето обожаватели веруваат дека пенливото вино се нарекува „шампањ“ само ако потекнува од истоимениот регион на Франција, и доколку се произведува според одредени прописи, но новиот руски закон го тврди спротивното.

Рускиот закон наведува дека овој збор може да се користи само за руско пенливо вино.

Законот предизвика спор, а францускиот производител на вина Мот-Хенеси во понеделникот објави дека ја прекинува испораката на шампањ во Русија.

Уште од советско време, шампањот – на руски: „шампањ“, се користи како општ поим за пенливи вина воопшто, од кои некои, спротивно на луксузниот француски оригинал, се продаваат за само 150 рубли (два долари).

„Тие одредби доведоа до привремено суспендирање на испораките на производи за да се процени влијанието на новиот закон“, изјави портпаролот на „Мо-Енезија“, Ана Катерин Гримал, според руската државна новинска агенција.

Дури и шефот на еден од најголемите руски винари смета дека новиот закон е претеран.

„За мене нема сомнеж дека вистинскиот шампањ доаѓа од регионот Шампањ во Франција“, изјави за РИА-Новости Павел Титов, претседател на Абрау-Диурсо.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote